Ова е листата на најризични места за туристи ова лето

- Свет
1250

Британското министерство за надворешни работи издало предупредување во кое наведува листа од 48 земји во кои постои можност да се случи терористички напад.

Како најризични земји  за туристите се наведуваат Германија, Франција, Турција и Белгија.

Следни на листата се Египет, Индонезија, Русија, Мјанмар, Кенија, Филипини, Колумбија, Тајланд и Австралија.

Љубителите на патувањата би требало да го избегнуваат и Блискиот исток вклучувајќи ги и Ирак, Саудиска Арабија, Јемен, Либан, Сирија и Авганистан.

Земјите кои имаат најмал ризик од терористички напад се: Исланд, Боливија, Еквадор, Полска, Чешка, Швајцарија, Унгарија, Виетнам и Јапонија.

 

Facebook Коментари