Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга со свои претставници учествуваше на средба помеѓу поетите „Езерскиот брег“ Струга , Охрид и Поградец
На покана на директорката на Библиотеката „Митруш Кутели“ во Поградец, Афердита Дука и градоначалникот на Општина Поградец , вчера 17.09.2024 година Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга со свои претставници учествуваше на средбата помеѓу поетите „Езерскиот брег“ Струга , Охрид и Поградец.

Во рамките на учеството на средбата која се одржа во Поградец учествувавме на омаж пред споменикот на литерурните творци Митруш Кутели и Лагуш Порадеци, а исто така беше организирана и посета во Народната библиотека „Митруш Котели, каде имавме средба и разговор со директорката на библиотеката, претставници на општина Поградец, како и со ќерката на Митруш Кутели, Парааскева Лека.

На крајот на посетата се одржа и тркалазена маса за организација на Фестивалот „Поетски простор“ кој треба да се одржи наредната година во Поградец.
„Уште еднаш изразуваме голема благодарност до директорката Афердита Дука и градоначалникот на Поградец за воспоставената меѓународна соработка на трите крајезерски града: Охрид, Поградец и Струга“ истакнаа од Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ од Струга.
StrugaOnline

