Времето денес променливо облачно со слаб до умерен ветер

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
6 Попова Шапка, 8 Куманово, 9 Лазарополе, Маврови Анови, 10 Крушево, Берово, Крива Паланка, 11 Охрид, 12 Прилеп, Битола, 14 Скопје-Петровец, Струмица, Штип, Тетово, Виница, Демир Капија, 15 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Велес, Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 08 часот (во l/m2)
19 Штип, 18 Попова Шапка, 11 Пожар, 9 Куманово, 7 Тетово, Струмица, 6 Демир Капија, Гевгелија, Крушево, 5 Скопје-Петровец, Пожаране, 4 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Берово, Маврови Анови, Кавадарци, 3 Крива Паланка, 2 Прилеп Битола, 1 Охрид, Тополчани.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Променливо облачно и претежно тивко. Изутринава во Куманово и Струмица имаше појава на магла.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи. Максималната температура ќе достигне од 18 до 24 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

