Лев банер Десен банер

Македонија вечерва го започнува Европското првенство

Македонската сениорска женска селекција е во Дебрецен каде е подготвена за почеток на EHF EURO 2024.

Репрезентацијата на Македонија денес со натпреварот против Шведска ќе го стартува настапот на Европското првенство 2024.

На Македонија и Шведска денешниот дуел ќе им биде 12-ти меѓусебен дуел, односно трет на континенталните собири. Низ историјата, двете репрезентации најмногу одиграле квалификациски дуели за пласман на големите натпреварувања.

Нашите најдобри ракометарки настапот на EHF EURO го почнуваат вечерва во 20:30 часот.

StrugaOnline

error: