Директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, и заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-дин Албрим Хоџа, се присутни на терен кај селото Октиси кај местото викано “Октишки Красти”, каде што беше активен големиот пожар.
Информираат дека пожарот, иако имаше големи размери, е ставен под контрола, но на одредени места сè уште има чадења кои се внимателно следени од екипите на терен. Во гаснењето дејствува и авион „Ер трактор“ од ДЗС, кој интервенира од воздух, како и:
• 6 пожарникари и едно противпожарно возило од ТППЕ – Струга,
• 10 лица од Јавното претпријатие „Македонски шуми“,
• 2 возила „Пинцгауер“ од ДЗС,
• локални жители.
– Додаваат дека благодарение на навремената интервенција, координацијата на сите служби и несебичната помош на локалното население, спречено е ширење на пожарот кон населени места.
StrugaOnline
Facebook Коментари