ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга започна со санација на училниците пред почетокот на новата учебна година
Пред почетокот на новата учебна година, ООУ „Јосип Броз Тито“ од Струга започна со санација односно со варосување и средување на училниците во централното училиште, како и промена на сите табли обезбедени преку Macedonia Schools Project и промена на старите плочки.
-Нашите деца заслужуваат светли и пријатни простории каде што учењето ќе биде вистинско задоволство, кога постои желба, посветеност и позитивна енергија – успехот е неизбежен, велат од ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга.StrugaOnline

