Билтен за Охрид: Тешка кражба, физичка песметка, возач на мопед возел со 2,36 промили алкохол во крвта…..

- Локални, Хроника
75

На 10.09.2025 во 20:30 часот на улица „Абас Емин” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ј.Н.(38) од Охрид. Тој се сомничи дека претходно со подесен алат и со физичка сила се обидел да отвори прозор и да влезе  во куќа на истата улица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „тешка кражба” во обид по член 236 од Кривичниот законик.

На 11.09.2025 во 00:50 часот на булевар „Туристичка” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Н.Ш.(28) од Охрид. При контрола во патничкото возило „фолксваген поло” со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.09.2025 во 12:40 часот на булевар „Туристичка” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа А.М.(45) и Д.П.(4а), двајцата од Охрид, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.09.2025 во 19:38 часот во СВР Охрид е пријавено дека К.Д.(53) од Охрид паднал од третиот кат од зградата каде престојувал на улица „Даме Груев” во Охрид. Со возило на Итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 10.09.2025 во 16:35 часот на булевар „Туристичка”  во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа А.И.(41) од Охрид, кој е баран врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од една година и 10 месеци за сторено кривично дело  „тешка кражба”. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа „Затвор Прилеп” за издржување на казната.

На 10.09.2025 во 17:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.К.(53) од Охрид. При контрола во патниот сообраќај, извршен на булевар „Туристичка” во Охрид, полициските службеници сопреле мопед со охридски регистарски ознаки, и по извршено алкотестирање е констатирано дека го управува под дејство на алкохол, односно му беа измерени 2,36 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило”.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари