Стефан Марковски ja доби наградата „Крсте Чачански“ за ракописот „ Смртта долетува насмевната“

- Локални
1703

Наградата „Крсте Чачански“ за необјавена книга раскази, годинава ја доби  ракописот „Смртта долетува насмевната“ на Стефан Марковски. Седми пат наградата ја доделуваат Културниот центар „Бран“ и Ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга.

По објавениот Конкурс што го распиша Културниот центар „Бран“ од Струга и Ревијата за книжевност „Бранувања“ жирито за доделување на наградата „Крсте Чачански“ за 2017 година откако ги разгледа поетските ракописи едногласно одлучи наградата да ја додели на стихозбирката „Смртта долетува насмевната“ од Стефан Марковски.

„Триесетте кратки раскази од збирката „Смртта долетува насмевната“ од Стефан Марковски преку комичност, упростеност и хетегрогеност од раскажувачки стилови и фабули се исполнети со впечатливи ликови, разговори и настани со возбудливи и постојани пресврти. Тие ефектуираат една нова поетика на апсурдната реалност која со себе го носи печатот на модерноста во која авторот живее, твори и творејќи експериментира со нови книжевно-експресивни облици“ – е образложението на жирито Васил Тоциновски, Мишо Китаноски и Тоде Илиески.

Досегашни добитници на наградата „Крсте Чачански“ се Христо Петрски, Милован Сефановски, Петре Димовски, Марина Мијаковска, Добре Тодоровски и Васил Тоциновски.

Наградата на Стефан Марковски ќе му биде врачена на 7 јули во Домот на „Браќата Миладиновци“, во 12:00 часот во Струга за време одржувањето на меѓународната манифестација „Струшки книжевни средби-2017“.

Извор: Strugaonline/Бранувања

Facebook Коментари