Трип Адвајсер“ објави листа на атракции и тури кои имаат најголем број резервации за оваа година. На првото место е посетата на Ватикан.
Според листата, патниците се најзаинтересирани за Музејот во Ватикан, Базиликата „Св. Петар“ и „Сикстинската капела“.
На второ место е античкиот Рим и Колосеумот, а на третото место е посета на цел Рим со автобус.
Крстарењето по реката во Чикаго е на четврто место, додека на петто место повторно е посета на Ватикан, „Сикстинската капела“ и Базиликата „Св. Петар, на тура која трае половина ден.
На листата се и Светската опсерваторија во Њујорк, Големиот кањон и посета на Лас Вегас, Емпаер Стејт Билдинг во центарот на Менхетен, посета на Базиликата „Саграда Фамилија“ во Барселона и на крај посета на кулата Бурџ Калифа во Дубаи.
Facebook Коментари