Утре крводарителска акција во Струга – повик до сите хумани граѓани
Утре Црвен Крст Струга ќе одржи крводарителска акција во соработка со Полициската станица – Струга, со цел обезбедување на доволни резерви на крв и укажување на значењето на крводарителството како хуман чин.
Акцијата ќе се реализира во просториите на Заводот за нефрологија – Струга, во периодот од 10:00 до 14:00 часот. Организаторите упатуваат отворен повик до сите вработени во Полициската станица, како и до сите хумани и одговорни граѓани, да се вклучат и со своето учество да помогнат во спасување човечки животи.
Крводарителството е едноставен, безбеден и благороден начин да се помогне на оние на кои им е најпотребно, а секоја дарувана единица крв може да значи нова шанса за живот.
Од организаторите потсетуваат дека дарувањето крв е чин на солидарност и хуманост кој не чини ништо, а вреди многу.
StrugaOnline

