Зиба фуриозно против Бадел – ЖКК Струга 2009 со голема победа во Скопје
Во рамките на јуниорската лига, екипата на ЖКК Струга 2009 оствари значајна победа на гостински терен во Скопје, совладувајќи го ЖКК Бадел со резултат 55:60.
Стружанките отворија одлично и уште во првата четвртина направија предност, која се покажа како клучна за конечниот исход. Првиот период им припадна на гостинките со 11:21, по што следуваше израмнета игра во втората четвртина (13:13). Во продолжението Бадел се обиде да се врати во натпреварот, но кошаркарките на Струга 2009 успеаја да ја задржат предноста и со сигурна игра во финишот да ја заверaт победата.
Апсолутен херој на натпреварот беше Зиба, која одигра фантастичен меч и постигна дури 34 поени, носејќи го својот тим до важниот триумф. Голема поддршка имаше и од своите соиграчки – Муртезаи додаде 13 поени, Миладиноска постигна 8, додека Незири натпреварот го заврши со 5 поени.
Со оваа победа, ЖКК Струга 2009 покажа карактер и квалитет, освојувајќи вреден брејк на гостувањето во Скопје против традиционално незгодниот противник.
StrugaOnline

