Одбројување до „Струга 2017“, бранителот на титулата доаѓа во изменет состав

- Спорт
1356

Бранителот на титулата на Струшкиот турнир, Француски „Шарт“ ќе биде гостин во Струга од 12-ти до 15-ти август, кога  по 45-ти  пат ќе се одржи еден од најдолговечните ракометни настани во Европа. Најбогатиот тим од Франција  Proligue доаѓа на „Женска Плажа“ со значително изменет состав, во однос на минатото лето.

„Шарт“ ова лето промени седум играчи. Помеѓу оние кои побараа нови ангажмани се и Борис Бечировиќ, кој премина во Dižon, како и чилеанскиот ас  Rodrigo Salinas, нов играч на шпанскиот „Ирун“.

Најзвучното зајакнување за францускиот второлигаш е Един Башиќ кој ќе биде и најсилниот адут за пласман во друштвото од најдобрите.

Фото: gol.mk

Извор: www.balkan-handball.com

Facebook Коментари