Во Њујорк се продаваат најскапите цигари – целта е намалување на бројот на пушачи

- Свет
947

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио потпиша закон со кој минималната цена за кутија цигари во градот се покачува од сегашните 10,5 на 13 долари, јави „Ју-Ес-Еј Тудеј“.

Информациите говорат дека ќе се намали и  бројот на местата каде што ќе може да се купат цигари. Со оваа одлука,  Њујорк станува градот каде што може да се купат најскапите цигари во САД.

Локалните власти соопштуваат дека целтa на на овој закон е да се намали бројот на пушачи, а моментално во Њујорк ги има околу  900.000.

Противниците на новите мерки сметаат дека покачувањето на цените ќе натера многу пушачи да купуват цигари на црно – без бандероли и неоданочени.

Facebook Коментари