Билтен за Охрид: Физички напад и починато лице пронајдено во дом
Во текот на изминатиот ден, на подрачјето на Охрид се евидентирани два одвоени настани, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
На 23.02.2026 година во 17:37 часот, на улицата „7 Ноември“, Ф.И. (38) физички ги нападнал Н.Н. (34) и нејзиниот малолетен син, сите од Охрид. По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истиот ден, во 13:51 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во помошна просторија од куќа на улицата „Јане Сандански“ бил пронајден починат И.А. (75) од Охрид. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
Увид на местото извршиле полициски екипи и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.
Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на околностите во двата случаи.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

