Во Струга приведено лице од Неготино по судска наредба, спроведен во Идризово
На 23 февруари 2026 година во 13:35 часот, на улицата „Маркс Енгелс“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го привеле С.Д. (33) од Неготино.
Како што информираат од МВР, приведувањето било извршено врз основа на судска наредба издадена од Основен суд Неготино, за доиздржување на затворска казна во траење од четири години и шест месеци. Казната се однесува на сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Лицето е спроведено во КПУ Затвор Идризово во Скопје, каде ќе ја доиздржува затворската казна, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

