Два случаи на физички напад во Охрид
На 16.03.2026 во 22:10 часот во угостителски објект на улица „Сирма Војвода” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа Г.А.(38) и Н.Б.(60), двајцата од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.03.2026 во 18:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „Абас Емин” во Охрид, И.Н.(52), физички го нападнал Д.Ѓ.(23), двајцата од Охрид. По целосно расветлување и документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

