Кривична пријава за охриѓанец – кај него пронајден кокаин при полициска контрола во Струга
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.О. (41) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Според информациите од полицијата, на 23 април 2025 година во Струга, полициски службеници извршиле контрола на возило во кое се превезувал пријавениот. При контролата, кај него бил пронајден и одземен кокаин.
По целосното документирање на случајот, против лицето е поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство, информира Стефан ДИмоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

