Лев банер Десен банер

Жител на Мороишта нападнат од куче, ќе следува пријава против сопственикот

На 25.02.2026 година во 15 часот во ОВР Струга било пријавено дека на локален пат во струшкото село Мороишта, 70-годишниот Р.Р. од истото село бил нападнат и каснат од куче.

Според информациите, станува збор за куче – домашен миленик, сопственост на П.К.(64), кое било оставено необезбедено во неговиот двор, по што излегло и го нападнало оштетениот.

Стефан Димоски од СВР Охрид информира дека по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава против сопственикот на кучето.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: