Лев банер Десен банер

Нов анекс-Договор вреден 186 милиони евра за автопатот Кичево – Охрид

Со нов анекс на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид што ќе го потпишат Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и изведувачот кинески „Синохидро“ треба да се овозможи дозвршување на градежните работи на автопатот во изградба, при што се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра, а ревидираниот краен рок за завршување е 31 мај 2027 година, со којшто се обезбедуваат уште 151 ден за добивање употребна дозвола на автопатот.

Дополнителните финансии се за активностите што беа најавени за стабилизација на свлечишта со изградба на 14 галерии, поставување еластична одбојна, изградба на паралелни пристапни патишта што не биле предвидени за поврзување на населените места, како и за контролен центар за тунелите.

Со дополнувањата на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, што ги изгласа синоќа Собранието, се предвидува да се случи Анекс бр. 8, за автопатот во должина од 57 километри што се гради од 2014 година, а од кој досега се пуштени 40-ина километри.

– Интензивно се работи на проектот, задоволен сум со динамиката што ја има и со овој анекс конечно ќе го завршиме автопатот Кичево – Охрид, рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој изнесе три причини за новиот анекс истакнувајќи дека првата е потребно да се дозавршат градежните работи за целосно и квалитено завршување на проектот со работи што не биле предвидени од основниот проект, како што е тоа дека кога се работел проектот во 2013 и 2014 година не се направени ниту геотехнички истражувања. – За таа цел предвидуваме непредвидени работи за стабилизација на свлечишта. Ќе се градат 14 галерии долж автопатот. Ќе се изведат и дополнителни работи за еластична одбојна ограда, со примена на европски стандарди, а која не била предвидена воопшто. Непредвидени дополнителни финансиски средства за изградба на контролен центар за тунелите кој ќе служи и за тунелот што ќе се гради на делницата Кичево-Букојачни, рече Николоски.

StrugaOnline

error: