ODW-ELEKTRIK вработува менаџер по царина и шпедиција

ВРАБОТУВАЊЕТО НИКОГАШ НЕ БИЛО ПОЛЕСНО

ODW-ELEKTRIK Вработува МЕНАЏЕР ПО ЦАРИНА И ШПЕДИЦИЈА (SUPPLY CHAIN MANAGER)

Со цел да го задоволиме зголемениот обем на работа, како и планираните промени во организацијата, вработуваме МЕНАЏЕР ПО ЦАРИНА И ШПЕДИЦИЈА (SUPPLY CHAIN MANAGER)

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Формално академско образование или соодветно искуство од областа;
  • Претходно работно искуство од минимум 5 години, идеално во царинска испостава или шпедиција;
  • Увоз и заверка на увоз, извоз и заверка на извоз; одговорност за овие процеси пред соодветните институции на Република Македонија;
  • Контрола над конечно царинење / уништување или продавање на отпадот;
  • Надзор на диспозиција на нарачките за производство;
  • Вршење контрола на испораки и целокупното магацинско работење; редовна проверка на залихите на компонентите;
  • Преглед на организација на транспортот;
  • Контрола на излез на готови производи;
  • Ефективна комуникација со добавувачи/клиенти;
  • Познавање на англиски јазик, германски ќе се смета за дополнителна предност.

„Приклучете се на најдобриот тим во регионот и откријте го тоа што е надвор од вашата моментална граница! ”

ОДВ-ЕЛЕКТРИК е КУЛТУРА чиј опстанок зависи од континуираниот развој. СРЕДИНА во која постојано се потребни вработени кои имаат амбиција да ги подобрат своите вештини. ВЕТУВАЊЕ дека секој вработен подеднакво може да цели кон врвот и да има успешна кариера.

И се разбира, ТИМ кој на прво место се грижи за своите вработени со јасна политика за унапредување и селекција на раководители од страна на сопствените кадри на компанијата.

Освен редовна месечна плата, нудиме бесплатен превоз за сите вработени, топол оброк во просториите на фабриката и приватно дополнително здравствено осигурување за болнички третман до 10.000 евра годишно по вработен во сите приватни болници во Република Македонија.

КАКО ДА СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД ТИМОТ НА ОДВ-ЕЛЕКТРИК?

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат очекувањата на ОДВ-ЕЛЕКТРИК може да достават  кратка биографија и мотивациско писмо на следнава електронска пошта:

[email protected]

Рок на пријавување: 30.09.2022 година.

Со самото испраќање на кратката биографија, кандидатот се согласува да му биде извршена обработка на личните податоци, согласно Законот за заштита на лични податоци.

Facebook Коментари