Филипче: „Во Тетово има 4 случаи кои се сомнителни на јужноафриканскиот сој“

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска информираше дека здравствените власти ќе испитуваат четири лица во Тетово за кои има сомнеж дека се заболени од јужноафриканскиот сој.

„Во Тетово има четири случаи кои се суспектни, врз основа на оној скрининг којшто се прави на јужноафриканскиот сој. Што значи дека има и други соеви присутни во земјава. Пристапот е ист – детална епидемиолошка анкета, анализа, скрининг на тестовите и анализа дали да се прави секвенционирање или не“, изјави министерот Филипче.

Facebook Коментари