Горбок заминува од Вардар, во клубот остануваат Стоилов, Дибиров и Дисингер

- Спорт
94

Левиот бек на екипата на Вардар, Сергеј Горбок во следната сезона нема да игра за „црвено-црните“

Горбок се позрдави со  Вардар преку својот профил на Инстаграм.

 

„Сакам да кажам едно големо благодарам за сето она што го имам доживеано во овој клуб. Голема благодарност до сите фанови и градот Скопје. Јас сум многу среќен што успеав да запознаам многу луѓе и сите тие да станат дел од мојот живот. Многу голема благодарност до Сергеј Самсоненко и за најдобриот ракометен клуб во светот. Бев среќен да играм за овој клуб со толку прекрасни луѓе. Ви благодарам на сите премногу“, напиша Горбок на својот профил на Инстаграм.

Горбок заминува, а  нов договор со Вардар потпишаа капитенот Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров и  Кристијан Дисингер.

Strugaonline
фото: архива

Facebook Коментари