Македонија ја совлада Србија на контролниот натпревар во Скопје

- Спорт
607

Репрезентацијата на Македонија имаше успешна контрола пред заминувањето на СП во Германија. Нашите ракометари ја победија Србија со 37-31 (19-13) покажувајќи дека се на добар пат во подготовките за Мундијалот.

Уште во првото полувреме нашите момци покажаа добра форма и направија предност што беше клучна до крајот на средбата. Се до 11 минута гостите одржуваа рамнотежа, а потоа Македонија ја презеде иницијативата.

Македонија покажа дека има решение и кога Лазаров не е во главна улога, па Манасков, Георгиевски, Талески и Кузмановски ја презедоа одговорноста врз себе.

Во второто полувреме имавме и предност од „плус 10″ гола за водство 27-17. Стојанче Стоилов, капитенот на Вардар постигна 1 гол на средбата, а крилото Мартин Поповски двапати погоди.

Во репрезентацјата на Србија настапи и нашиот голман Дејан Милосављев.

Македонија – Србија 37-31 (19-13)

МАКЕДОНИЈА: Ристовски (10 одбрани), Митревски, Томовски, Даскалоски, Манасков 9, Стоилов 1, Димитриоски, К. Лазаров 5, Чурлевски, Талески 2, Маркоски, Кузмановски 6, Танкоски, Георгиевски 4, Ф. Лазаров 1, Крстевски, Поповски 2, Пешевски 5, Лазаревски, Серафимов 2.

Извор: РК Вардар

фото: архива

Facebook Коментари