Нов случај на ковид 19 во тимот на Пик Сегед, неизвесен мечот со Вардар

- Спорт
390

Неизвесно е дали македонскиот претставник Вардар  ќе го одигра натпреварот од третото коло во ЛШ. Тој е закажан на теренот на Пик Сегед, в четрвток, меѓутоа во унгарскиот тим има нов случај на заразен ракометар со Ковид-19.

Пик Сегед објави соопштение во кое информира дека нов, веќе седми играч е заразен со коронавирусот. По дуелот со Кјелце, минатиот четврток, биле извршени редовни тестирања и еден ракометар се покажал позитивен.

Целата екипа повторно е во карантин, а билетите за натпреварот против Вардар што треба да се игра во четврток 18.45 часот се повлечени од продажба.

Од Пик Сегед информираат дека се во комуникација  и со Вардар и со Кјелце, со кого играа минатата недела, како и со властите и со Европската ракометна федерација, за да донесат најдобра можна одлука.

 

Facebook Коментари