Три од ривалите на Вардар во новата сезона во ЛШ ќе бидат истите со кои исто така ќе игра и во СЕХА Газпром лигата, а три клуба од нашата група играа на последниот Ф4 во Келн. „Црвено-црните” добија силна група, во која има и четири европски прваци, Вардар, Кјелце, Монпелје и Кил.
Група А: ПСЖ (Франција), Барселона (Шпанија), Флензбург (Германија), Олборг (Данска), ПИК Сегед (Унгарија), ППД Загреб (Хрватска), Елеверум (Норвешка), Целје (Словенија)
Група Б: Вардар (Македонија), Веспрем (Унгарија), Кјелце (Полска), Мешков Брест (Белорусија), Мотор Запорожје (Украина), Монпелје (Франција), Порто (Португалија), Кил (Германија).
Сезоната почнува во периодто од 11 до 15 септември, а треба да заврши со групната фаза на 1 март 2020 година.
Извор и фото: РК Вардар
Facebook Коментари