Денот на Еверопскиот зелен појас ќе биде одбележан со Планинарска тура Горна Белица – Црн Камен

- Локални
73

На 22.09.2022 г. (четврток) со почеток во 11 часот во Вевчани во просториите на Мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ (старото основно училиште), во организација на Македонското еколошко друштво – МЕД, ќе се одржи Презентација на природните вредности на планината Јабланица, во склоп на одбележување на „Ден на европскиот зелен појас“ и процесот на прогласување на Јабланица за заштитено подрачје.

Истиот ден ќе се организира и планинарска тура на планината Јабланица, сè со цел запознавање на  јавноста со убавините на Јабланица.

Планинарската тура е планирано да започне од с.Горна Белица, Струга во 09:00 часот. Движењето е преку превојот Крстец до највисокиот врв на Јабланица од македонска страна Црн Камен со висина од 2257 m н.в. Патеката е комплетно обележана и спаѓа во средно тешки патеки. За учество на турата потребна е добра физичка спремност, кондиција и планинарска опрема, планинарски чевли, стапчиња за планинарење – штеки, кабаница и опрема сооветнa на временските услови (да се следи временската прогноза за денот на турата). Во секој случај, за на врвот треба опрема по долги ракави поради можност за студен ветер без разлика на прогнозите. Патеката е во вкупна должина од 11 км доколку враќањето е по истиот пат Горна Белица – Крстец – Црн камен, со вкупно време на движење за двете насоки од 5 часа (можно е и отстапување од оваа проценка зависно од можноста на учесниците). Доколку се организира кружна патека (Горна Белица – Крстец – Црн камен – Вевчанска локва – Г.Белица) должината е 12,5 km со време на движење од 6 часа. Во временската проценка е вклучено вкупното време на движење, без пресметана пауза за ручек и сл. на самиот врв Црн камен. Во прилог подолу е прикажана карта со почетната локација Горна Белица, како да се дојде до неа и движењето на планинарска тура. Доколку се јави потреба, може да биде организиран превоз на учесниците од Струга или Вевчани.

Организаторот има обезбедено ладни сендвичи и пијалок за секој учесник на планинарската тура. Ќе бидат поделени пред тргнување.

 

Facebook Коментари