Лев банер Десен банер

Едукативен центар „Ѕвездички“ – место кое нуди професионална поддршка за правилен раст и развој на децата

Едукативниот центар „Ѕвездички“ ги отвори вратите за сите мали ѕвездички подготвени да учат, растат и блескаат.

Центарот се наоѓа во Охрид на улица Прилепска 85 (наспроти авто-пералната Златни зраци) со работно време од 8 до 17 часот секој работен ден и сабота од 9 до 14 часот.

Едукативниот центар Ѕвездички е стручен и посветен центар кој нуди професионална поддршка за правилен раст и развој на децата. Нивната мисија е создавање безбедна, топла и поттикнувачка средина во која секое дете ќе може да го развива својот целосен потенцијал.

Во рамките на овој центар се нудат:

• Дефектолошки третмани – индивидуални програми за стимулација на когнитивниот, моторниот и социјалниот развој.

• Логопедски третмани – проценка, дијагностика и терапија при говорно-јазични потешкотии, неправилен изговор, доцнење во говор и други комуникациски предизвици.

• Индивидуална и групна работа – пристап прилагоден според возраста и потребите на детето.

• Едукативни работилници – креативни и развојни активности кои поттикнуваат учење преку игра, соработка и дружење.

Работање со современи методи и индивидуален пристап, во континуирана соработка со родителите. Нивната цел не е само напредок, туку и градење самодоверба, самостојност и радост во учењето.

Следете ги на социјалните мрежи со цел навремено информирање за сите активности, како и за закажување термини и пријавување на тековните работилници.

StrugaOnline

error: