Игорче Шајновски од Радожда е рекордерот во продадени примероци на списанието „Лице в Лице“

- Локални
1171

Во текот на Меѓународната недела на продавачи на уличен печат, запознајте го Игорче Шајновски. Тој е  рекордерот во продадени примероци на списанието „Лице в Лице“ на охридското крајбрежје.


Шајновски е млад ентузијаст од Радожда кој знае на многу пријатен и љубезен начин да им пристапи на потенцијалните купувачи. Посветен е на својата работа и заедно со неговиот координатор (од Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака Нова“), Стефан Малески, Игорче најавува нови рекорди и веќе прави планови за неговата понатамошна работа во списанието „Лице в лице“.

Шајновски е доказ дека кога има љубов и посветеност, не постојат пречки.

Strugaonline

Фото: Лице в лице

 

Facebook Коментари