Илир Мета се сретна со градоначалникот Мерко во Струга

- Локални
928

Претседателот на Албанија Илир Мета, вчера беше во посета на Општина Струга, каде се сретна со градоначалникот  г. Рамис Мерко.

Претседателот беше пречекан од страна на функционери на локални и централни институции , пратеникот Агим Шаќири, како и преставници на други партии. На вчерашната средба како гостинка беше поканета и градоначалничката на општина Арачиново, Г-ѓа Миликије Халими.

Градоначалникот на Струга, Рамис Мерко му се заблагодари на претседателот Мета за оваа посета, ветена од времето кога г-дин. Мерко беше министер за странски инвестиции. Средбата ja отвори  г. Мерко кој во  кратки црти зборуваше за градот Струга, , населението, туристичката клима, традициите и политичката состојба во општина Струга.

Претседателот Мета изрази оптимизам во врска со преговорите со ЕУ, спорот за името и политичката ситуација во Македонија.
Тој исто така истакна дека оваа средба нема да биде последна и дека соработката со градоначалникот ќе продолжи и во иднина со цел Струга да стане пример за регионална соработка не само со Албанија, туку и со целиот регион, бидејќи ги има сите ресурси, капацитети и дека Струга е БРЕНД и дека тоа треба да искористи за доброто на Струга и нејзините граѓани.

Претседателот на Албанија, впечатоците за посетата на Струга ги сподели и на неговиот профил на Facebook:

Во право се кога велат: „Кaкo Струга, нема другa”. Денес со градоначалникот на општината, мојот пријател Рамиз Мерко разговаравме за одличната перспектива на Струга, да биде развиен регионален туристички, културен и економски центар. Многу им благодарам на жителите на Струга за топлиот и братски прием, напиша Мета.

Strugaonline

фото: Општина Струга

Facebook Коментари