Младиот Атанас Блажески го фати крстот во Подгорци

- Локални
835

На големиот христијански празник „Богојавление Водици“ на 19-ти јануари, по одржувањето на Богослужбата од страна отец  Димитрие Павлески,во црквата Св.Никола во Погорци,поврката верници тргна кон изворот Марул, каде што свештеникот Димитрие Павлески,по осветувањето на изворската вода го спушти Светиот крст во изворо. Од групата капачи кои скокаа по крстот ,ова година среќата му се насмевна на  Атанас Блажески. Toj e ученик во  шесто одделение при ОУ „Гоце Делчев“ во Подгорци. Присутните верници среќникот го даруваа со парички.

Празникот „Водици“ е посебен ден за Подгорци и подгоречките православни верници, секоја година овој ден се чека со голема радост.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

 

Facebook Коментари