На барање на граѓаните, Струга ќе добие детско игралиште

- Локални
905

На четвртата сесија на форумите на заедницата, која се одржа вчера, граѓаните гласаа за проект кој сметаа дека треба да се реалзириа од страна на Општина Струга.

Предложени беа пет проекти и тоа: Изградба на детско игралиште, Изградба на младински центар, Реновирање на ОУ „Гоце Делчев“- Јабланица, Сервис за стари лица и Замена на котлана во училиштето „Зини Ани“ во Велешта. Присутните на сесијата со гласање избраа да се реализира проектот „Изградба на детско игралиште“.  Од Општина Струга за Strugaonline информираат дека договорот со УНДП ќе биде потпишан во декември, па потоа ќе се започне со градежни активности. Oд таму додаваат дека се’ уште не е одредена точната локација каде ќе се наоѓа игралиштето, но надлежните имаат неколку идеји. Се очекува проектот комплетно да биде реалзириан во следниве шест месеци.  Проектот е финансиран од страна на УНДП

Зајакнувањето на општинските совети е проект кој има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста на локалната власт преку поддржување на општинските совети при вршење на нивната функција, посебно во однос на надгледување на локалниот буџет. Проектот ги поддржува општините во постигнувањето на поголема отвореност и инклузивност, со што ќе се помогне во градењето на јавната доверба во локалните институции.

Strugaonline

 

Facebook Коментари