80-годишната Веса од Вапила 50 години работи на железничката станица во Сиднеј- Ќе престанам, можеби, кога ќе наполнам 100!

- Занимливо
710

Ќе престанам, можеби, кога ќе наполнам 100… но можеби нема и тогаш, вели 80-годишната Весела Веса Грујоска, која полни 50 години работи на железничката станица во Сиднеј.

Sbs Macedonian пренесува дека таа работела скоро на сите државни празници, Божиќ и сите останати, веројатно никогаш не зела боледување, а нејзината животна приказна ја слави издржливоста и триумфот на жените мигранти во Австралија.

Родена во македонското село Вапила, во близина на Охрид, таа мигрирала во Австралија со своето семејство во далечната 1970 година. Започнала да работи во фабрика со неделна плата од само 29 долари, а веќе во 1973 година започнала да работи на местото во железницата, каде е и денеска. Иако сè уште не зборува течно англиски јазик, упорната и храбра Веса преживеала благодарение пред се’ на нејзината физичка и емоционална сила.

Нејзините три внуци се посебна радост во нејзиниот живот. Вели дека единствен совет за здрав живот кој може да го даде е да не престанеме да работиме, да продолжиме да се движиме и постојано да бидеме зафатени.

– Ако останете дома, негативните мисли ќе Ви го наполнат умот и ќе Ве доведат до депресија, вели Веса.

извор: Sbs Macedonian

фото: Sbs Macedonian

Facebook Коментари