Викендов во Приштина се одржа Меѓународен натпревар во џудо за кадети и сениори. Во врвната конкуренција, џудо-клубот ,,Дрим“ од Струга настапи со тројца џудисти и освои четири медали- два сребрени и два бронзени.

Сениори:
1. Андреј Чакатовски -сребрен медал
2. Христијан Глигороски -бронзен медал
3. Андреј Симоноски -бронзен медал
Кадети:
1. Христијан Глигороски сребрен медал
Од клубот најавуваат дека на 28-ми овој месец ќе настапат на државното првенство.
Facebook Коментари