Струшките пензионери на седма мултиетничка средба на пензионерите во Тетово

- Локални, Македонија
1140

Двасеттина струшки пензионери предводени од претседателот на ЗП-Струга Милорад Трпоски и потпретседателот на ИО Аслани Зија, присуствуваа на мултиетничкото дружење и запознавање со културите и традициите на луѓето од најблиското соседство.

Со вакво мото пред седум години востановена е мултиетничка средба на луѓето  од третото животно доба, манифестацијата целосно е подржана од СЗПМ.

Од година во година не само бројно што се зголемуваше учеството на пензионери речиси од цела Македонија, туку се прошируваше и содржината, се градеа пријателства  и познанства, а на заедничките ора играа сите и пееја песни на различни јазици.

Овој пат, на ова мултиедничко дружење учествуваа над 500 пензионери од триесетина здруженија членки на СЗПМ, од целата наша земја.

Теута Арифи,  градоначалничка на Тетово при поздравот на присутните им се обрати како на родители на помладите генераци, кои во наследство оставаат традиции на заедништво.

Средбата ја прогласи за отворена претседателот на СЗПМ Драги Аргироски, и отворено ги повика да го збогатуваат и негуваат пријателството и дружењето.

Претседателот на СЗПМ Драги Аргировски ја искористи можноста на градоначалничката Теута Арифи да и ја подари монографијата по повод 70 години на СЗПM.

StrugaOnline

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари