Време- Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд

- Македонија
335

Денеска ќе преовладува променливо облачно, од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења и услови за појава на град. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 21 до 30 степени. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 22 до 31 степен.

Извор: УХМР

Facebook Коментари