АППТ преку Google, YouTube и Facebook ќе ja промовира Македонија како туристичка дестинација

- Македонија
127

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на последната седница на Советот ги усогласи насоките за медиумска промоција на Република Македонија за оваа година.

– Врз основа на Анализата и истражувањето на пазарите спроведено од Агенцијата за туризам, медиумската промотивна кампања ќе се спроведе во регионалните и европски пазари со најавени авионски и чартер линии. Оваа година промоцијата во рамките на буџетските средства ќе се реализира преку Google, YouTube, Facebook ads, корисни алатки за зголемување на свесноста за туристичките дестинаци во Македонија со можност за зголемен број на туристи и ноќевања, информираат од АППТ.

Додаваат дека целта на маркетинг кампањата за 2024 година е преку промотивните активности да се задржи вниманието кај потенцијалните туристи, да придонесе кон поголема конкурентност и препознатливост на Република Македонија, како и запознавање на јавноста со тоа што не прави диверзивни, различни, а е отсликано преку природата, историјата, културата и гастрономијата. Трендовите налагаат и промоција на руралните подрачја и еко дестинациите.

Facebook Коментари