Битолчанецот Драган Мицков со оригинален изум со кислород ја обезбеди цела битолска болница

- Македонија
548

Битолчанецот Драган Мицков додека во борбата со ковид 19 се лекувал на Инфективната клиника во Битола,  забележал дека голем проблем во болницата било да се најде слободен приклучок за кислород , па ссамиот смислил начин како да се реши тој проблем.

-Во секоја соба се инсталирани по два кислородни приклучоци, а сместени се по три или по четири пациенти. Замислете да имаат потреба од кислорот тројца пациенти, а двата кислородни приклучоци да се зафатени. Но, тој проблем заедно со мојот чичко го решивме и сега цела Инфективна има по четири маски за дишење во секоја соба, раскажува тој.

Решение на проблемот пронашол во цевчиња кои се купуваат во секоја продавница за автомобилски делови.

-Откако ме отпуштија, по два дена го хоспитализираа мојот чичко кој имаше лош наод и веднаш требаше да прими кислород. Го ставија во соба со двајца пациенти кои веќе користеа кислород. За него немаше, но рекоа дека ќе го преместат за брзо време. Јас испаничен го завртев целиот град за да најдам боца со кислород, но не најдов. Кога бев во болница, забележав дека сите кои користат кислород, не го користат целиот капацитетот од регулаторот, туку 90 отсто од пациентите користеа 7 или 8 кислородни единици, а регулаторите беа до 16. Така дојдов до идеја од еден регулатор со ‘Т‘ спојка, која може да се набави во секој дуќан за автоделови, да направам да дишат двајца пациенти. Купив антибактериско црево, маска и спојка и ги однесов во болницата. Направивме ‘бајпас‘ на уредот и го приспособивме да можат двајца пациенти да го користат, раскажува Мицков.

Тој посочува дека по два дена ја исконтактирал директорката на болницата која по половина час убедување му дозволила да комплетира еден таков уред, а по тестирањето на уредот било докажано дека одлично функционира.

Ми се јави и ме замоли да направиме такви уреди за целата болница. Чичко ми, иако хоспитализиран, цел ден правеше адаптери и ја обезбедивме цела болница. По четири дена, синоќа, добив порака од директорката дека сите успешно работат и дека пациентите се обезбедени со кислород, информираше Мицков преку статус на Facebook.

 

Facebook Коментари