Филипче- Мерките даваат резултати, полицискиот час не би придонел за подобрување на состојбата

- Македонија
411

Мерките за заштита од COVID-19 кои се на сила даваат резултати, дополнителни мерки засега не планираме, рече на денешната  прес конференција, министерот за здравство Венко Филипче.

– Од почетокот на епидемијата досега, процентот на новозаразени со COVID-19 од тестирани пациенти се движи меѓу 36 до 41. Највисокиот процент од тестирани е 41,2, регистриран на 17-ти ноември, кога имавме и најголем број новозаразени, 1,407 и потоа бројот на нови случаи благо опаѓа. Сега сме всушност на едно плато по период од две до четири недели нагол пораст на новодијагностицирани, што е доказ дека факторот на преносливот R0 е значително намален. Според нашите пресметки сега е 1. За жал евидентен е раст на бројот на смртни случаи. Охрабрувачко е тоа што во последниве недели евидентираме поголем број на оздравени пациенти и во болничко и во домашно лекување, информираше министерот.

Тој додаде дека состојбите секојдневно се анализираат, а воведување полициски час по 21:00 часот нема да придонесе за подобрување на состојбата, со оглед на тоа што и врменските услови се понеповолни, луѓето помалку излегуваат, угостителите на работат, а важат и препораките да нема групирање во домашни услови.

Филипче потсети дека вирусот е широко распространет и дека најважно е да се почитуваат сите мерки и препораки.

Strugaonline

Facebook Коментари