Црвен крст објави препораки за заштита на населението од топлотни бранови

- Македонија
267
Црвен крст објави препораки за заштита на населението од топлотни бранови
Избегнувајте излегување и вршење напорна активност за време на најтоплиот период од денот!
Освежувајте се често!
Носете светла облека и лесна облека, наочари за УВ заштита и капа!
Користете креми со заштитен УВ фактор!
Одбегнувајте алкохол и акохолни пијалоци, како и пијалоци што содржат кофеин и екстремно ладни пијалоци!
Избегнувајте премногу масна и високо калорична храна и храна која содржи шеќери!
Ако чуствувате зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, побарајте помош;
Напиjте се вода за да се рехидрирате;
Ако имате болен мускулен грч најчесто во нозете, рацете и стомакот напијте се течност која содржи електролити;
Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час!
Хронично болните, посебно тие со срцеви заболувања, потребно е да бидат дисциплинирани во однос на препораки и редовно да ја земаат својата редовна терапија.
За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултираат својот матичен лекар.

Facebook Коментари