Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Северна Македонија и дипломат од кариера Филип Тошевски, го посети училиштето Таканава во Токио каде што средношколци го изучуваат македонскиот јазик.
,,Неверојатно е со свои очи да видиш и да чуеш како на преку 11000 км од Македонија, македонски јазик учат и зборуваат средношколци од училиштето Таканава во Токио. Навистина беше прекрасно чувството да се биде меѓу нив и да се разговара, едноставно нема зборови да се опише чувството.,,-напиша Тошевски на својот FB профил.

Тој упати пофалби до професорот Томоки Аојама за неговата посветеност во работата .

-Благодарност за гостопримството и топлиот пречек во учичиштето- до директорот, професорот и учениците и за подароците. Секако и ние им подаривме книги на македонски јазик.
Се надевам дека ќе имаме прилика во иднина да најдеме начин и да ги донесеме во Македонија за која толку многу знаат и која толку многу ја сакаат.-додава Филип Тошевски.
Strugaonline
Facebook Коментари