Денеска е Светски ден на детето

- Македонија
3121

Денеска се одбележува Светскиот ден на детето.

Генералното собрание на Обединети нации во 1954 година го прогласи 20-ти ноември за Светски ден на детето.  Целта на одбележувањето е  јавноста да го сврти вниманието кон обврските на општеството кон децата, како и на проблемите со кои се соочуваат децата.

Денот се одбележува за да се заштитат и унапредат правата на децата.

Детските права се утврдени со Конвенција за правата на децата, усвоена во 1989 година. Конвенцијата е ратификувана од 193 држави, а основни принципи се право на живот, опстанок и развој, најдобрите интереси на детето, право на партиципација, како и правото на недискриминација.

Од 1990 година  со Светскиот ден на детето се одбележува и годишнината од датумот кога Генералното Собрание на ОН ја усвои Декларацијата и Конвенцијата за детските права.

Годинава се одбележува 30-годишнината од Конвенцијата за правата на детето.

По повод денешниот ден, деца се појавуваат во медиумите ширум светот и укажуваат на проблемите со кои се соочуваат во рамките на различни области.

Денеска околу 17:00 часот по македонско време, на годинешниот Светски ден на детето, 11-годишниот застапник за деца со пореченост од Македонија, Јане Велковски ќе говори на  глобалниот самит во Обеднитети нации во Њујорк. Јане на овој начи, на светско ниво ќе ја буди свеста на јавноста за децата со ретки болести.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари