Време-Облачно со врнежи од дожд

- Македонија
398

Денеска во Македонија ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, кои повремено ќе имаат пообилен карактер. Локално ќе има појава на грмежи со пороен дожд и засилен ветер (над 60 км/час), особено во југоисточните делови каде се очекува да наврнат над 35л/м2. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 11 до 16 степени. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има појава на магла. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 13 до 19 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари