Денеска започна исплатата на августовските пензии

- Македонија
382

Денеска започна шредвремената  исплата  на августовските пензии.

Сите пензионери кои поседуваат картички, од денеска располагаат со своите пензии преку банкоматите и во трговската мрежа.

Готовинската исплата на пензии во банките за клиентите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи според висината на пензијата:

  • Во среда, на 26.08.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
  • Во четврток, на 27.08.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
  • Во понеделник, на 31.08.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
  • Во вторник, на 01.09.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Овој распоред важи и за корисниците на пензии од „Еуростандард банка“ АД Скопје кои до 21-ви август отвориле трансакциска сметка во друга банка преку која што сакаат во иднина да им се врши исплата на пензијата.

Ккорисниците на пензии кои од „Еуростандард Банка“ АД Скопје ќе се префрлат во друга банка по овој датум, банките обезбедуваат дополнителни исплати на 7-ми, 14-ти и 25-ти септември.

Корисниците на банкарски услуги при посета на филијалите и експозитурите треба да носат лична заштитна опрема и да одржуваат соодветна дистанца

Facebook Коментари