Филипче: Ja разгледуваме можноста за набавка и на кинески вакцини

- Македонија
342

Здравствените власти во земјава  ја разгледуваат можноста за набавка на вакцините против ковид-19 на кинеските производители „Синовак“ и „Синофарм“, потврди министерот за здравство Венко Филипче во интервју за емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

-Остануваме посветени на реализација на набавките за вакцините преку механизмот Ковакс и во директните набавки од компанијата Фајзер. Но, факт е дека компаниите се соочуваат со проблеми во испораката и доцнење на вакцините во целиот свет и во Европа. Во моментов ја разгледуваме и можноста за набавка на вакцини од Кина и чекаме детали во однос на цената и испораката. До крајот на неделата верувам дека сите овие информации ќе ги имаме. Мораме да работиме на сите полиња за да обезбедиме интегрален процес, без пауза од моментот кога ќе почне имунизацијата.-вели Филипче.

Тој додаде дека засега не би сакал да зборува за рокови кога би пристигнале вакцините.

Strugaonline

 

Facebook Коментари