Владимир Четкар го промовира видео-записот за авторската песна „I Remember“

- Музика
511

Најновото музичко видео на Владимир Четкар за неговата авторска композиција „I Remember“ која се најде на неговиот втор студиски албум „Heavenly“ веќе е поставено на YouTube. Видео записот е дело на Борче Димовски од продукцијата „Digital Box“.

„I Remember“ е песна која евоцира спомени на сите оние животни патешествија кои сме ги доживеале со нашите сакани и кои во нас оставиле длабока трага. Тоа се токму тие спомени кои секојдневно ни помагаат психички да ја пребродиме оваа пандемија и кои ни даваат инспирација и сила да се бориме со сите предизвици кои ги носи животот, вели Владимир Четкар.

Facebook Коментари