Периодот за постоење на кризна состојба на територија на Северна Македонија е во траење од 30 дена, почнувајќи од 20 ноември 2020 година и за оваа Одлука Владата ќе го извести Претседателот на Република Северна Македонија и Собранието.
На денешната 23-та седница, Владата ја разгледа и прифати Информацијата за изменување и дополнување на Уредбата за личностите објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, поради потребата од доуредување на формално-правните одредби во однос на поддршката на Министерството за внатрешни работи од страна на Министерството за одбрана и Армијата на РСМ, а во врска со предлогот за прогласување на кризна состојба во Република Северна Македонија. Измените се утврдуваат во заедничка координација помеѓу горенаведените државни органи и претставник од Кабинетот на Претседателот на РСМ.На денешната седница, Владата заклучи да се измени Заклучокот донесен на Првата седница на Владата, одржана на 1 септември 2020 година, со кој Љупчо Николовски е определен за претставник на Владата од редот на министрите, којшто ќе учествува на неделните координативни средби во Собранието на Република Северна и го определи м-р Бојан Маричиќ, министер за правда, за претставник на Владата од редот на министрите, којшто ќе учествува на неделните координативни средби во Собранието на Република Северна Македонија.
Исто така беше донесен и заклучок со кој министерот за надворешни работи Бујар Османи беше одреден за потпишување на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, како и придружните ноти на имплементација на Спогодбата во контекст на протоколот за Ирска/Северна Ирска меѓу ЕУ и ОК.Владата на денешната седница, во делокругот на кадровски прашања го именуваше Зоран Петров за Национален координатор за имплементација на национална платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Северна Македонија.
Facebook Коментари