Од полноќ нови цени на горивата

- Македонија
110

Од ноќеска на полноќ нови цени на бензините и дизелот.

Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цената на Еуросупер БС-95 се намалува за половина денар, а на Еуросупер БС-98 останува иста.

Малопродажните цени пак, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за половина денар, а цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,664 ден/кг.

Ова е новиот цениовник:

Еуросупер БС-95 – 66,5 денари

Еуросупер БС-98 – 69 денари

Еуродизел (Д-Е V) – 61,50 денари

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 51.50 денари

Мазут – 31,147 ден/кг.

Facebook Коментари