Maкедонската фудбалска репрезентација забележа значајна победа над Летонија

- Спорт
481

Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Летонија со резултат 0:2 во рамките на квалификациите за ЕП 2020. Оваа победа постигната на гостински терен во Рига, значително ги зголеми шансите на нашата репрезентација за пласман на европското првенство кое ќе се одржи следната година.

Првиот гол го постигна капитенот Пандев во 14-та минута, а убедливата победа со гол за 0:2 ja запечати Енис Барди , само три минути после голот на Пандев.

Сега Македонија има осум бода и во последните четири кола ќе биде во трка со селекциите на Австрија, Словенија и Израел.

Strugaonline

фото: архива

 

Facebook Коментари