Денеска се одбележува 10-ти декември, Светскиот ден за човековите права.
Повелбата за човекови права, прифатена во 1948 година, се смета за неформален устав кој ги гарантира правата на човекот. Таа ги признава човековите права и слободи како дадени по раѓање, обезбедува рамноправност и гарантира заштита од насилство, лош третман и казни кои влијаат на човечкото достоинство.
Заедничките напори на меѓународната заедница за гарантирање на човековите права продолжуваат и денес. Денот во кој во 1948 година е усвоена Повелбата за правата на човекот – 10-ти декември, е прогласен за Светски ден на човековите права. ОН усвои шест договори за основните човекови права: Меѓународен договор за граѓанските и политичките права; Меѓународен договор за економските, социјалните и културните права; Договор против насилството; Договор за превенција на расната дискриминација; Договор за превенција на дискриминацијата на жените; Договор за правата на децата.
На овој ден се одбележува усвојувањето од страна на Генералното собрание на ОН на Повелбата за човекови права, која им припаѓа на сите луѓе за еднакви права и слободи по раѓање.
SttrugaOnline
Facebook Коментари