Русија ја регистрираше првата вакцина против COVID 19

- Свет
84

Русија е прва земја во светот која регистрираше вакцина против корона вирусот Ковид 19, изјави денескa рускиот претседател Владимир Путин ,пренесуваат светските агенции.

Клиничките испитувања на вакцината започнаа на 18 јуни и сите 38 доброволци развиле имунитет.

Путин во изјава за Rusia Today рекол дека вакцината ја примила и неговата ќерка.

Рускиот претседател изрази надеж дека брзо ќе почне масовното производство на првата вакцина против Ковид 19,  и истата ја нарече  важен чекор за целиот свет.

Facebook Коментари